8.5 C
Struga
Thursday, April 25, 2024
spot_img

Украина и Русија повторно меѓусебно се обвинуваат за нападите на нуклеарката Запорожје

Киев и Москва денеска повторно меѓусебно се обвинија за нападите на нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која е окупирана од руската армија и е цел на напади веќе една недела.

„Ограничете го вашето присуство на улиците на Енергодар! Добивме информации за нови провокации од страна на окупаторите“, објави на Телеграм украинската агенција за нуклеарна енергија Енергоатом, пренесувајќи ја пораката од локалниот лидер на градот во кој се наоѓа нуклеарната централа, кој е лојален на Киев.

„Според сведоштвата на жителите, бомбардирањето во правец на нуклеарната централа Запорожје повторно е во тек… Интервалот помеѓу истрелувањето на граната и ударот е три до пет секунди“, се додава во пораката.

Окупаторските власти инсталирани од Русија во зоните што ги окупира во областа ги обвинија украинските сили дека се одговорни за нападите.

„Енергодар и нуклеарната централа Запорожје повторно се под оган од милитантите на Зеленски“, објави на Телеграм Владимир Рогов, член на проруската воена и цивилна администрација.

Проектилите паднале „во областите лоцирани на бреговите на Дњепар и во електраната“, рече тој, без да даде информации за жртви или материјална штета.

Дњепар ги дели зоните под руска контрола од зоните под контрола на Украина.

Поради нападот на Запорожје, во четвртокот се состана Советот за безбедност на ОН.

Во првите напади на 5 август беше погоден трансформаторот на високонапонскиот далновод, што предизвика автоматско запирање на третиот реактор и стартување на резервните генератори.

Во нападите во четвртокот беа оштетени пумпната станица и уредите за мерење на нивото на радијација.

Украинските власти бараат демилитаризација на зоната и повлекување на руските војници. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Русија за „нуклеарна уцена“.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles