Home Maqedoni Тренчевска: Ќе имаме нов Општ колективен договор за јавниот сектор со кој...

Тренчевска: Ќе имаме нов Општ колективен договор за јавниот сектор со кој ќе се обезбеди постојан раст на платите

Новиот Општ колективен договор во јавниот сектор на кој се работи, ќе обезбеди поголеми права за работниците, а новата методологија ќе обезбеди постојан раст на платите на вработените, нагласи вечерва министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, истакнувајќи дека тоа ќе биде системско решение кое нема да зависи од ничија политичка волја.

Таа, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, информираше и дека новиот општ колективен договор за јавниот сектор ќе биде потпишан до крајот на годината.

Министерката посочи дека новиот Закон за работни односи е системски закон и устав за работничките права. Тој, како што истакна Тренчевска, ќе обезбеди поголема сигурност во остварувањето на работничките права.

– Новиот Закон е во завршна фаза и очекуваме во месец ноември да излеземе на јавни дебати со вклученост на сите страни. Го работиме низ социјален дијалог со синдикатите и работодавачите, кој треба да биде усогласен со европските права и со конвенциите ратификувани со МОТ. Новина се договорите на определено време, на кои важноста сега им е пет години. Предлогот на синдикатите е намалување на една година, а на работодавачите три години. Верувам дека ќе се најде компромис, нагласи Тренчевска.

Министерката потенцираше дека социјалниот дијалог со синдикатите е жив и оти тој продолжува. Таа додаде дека во рамки на тој дијалог се носат најдобрите решенија за работниците.

– Едно од првите решенија беа измените на законот за минимална плата. Во 2017 година минималната плата беше 9000 денари, денес е 18.000 денари. Тоа е двојно зголемен плати и двојно повисоки приходи за работниците, посочи Тренчевска. 

Exit mobile version