Home Maqedoni Тренчевска најави зголемување на минималната плата

Тренчевска најави зголемување на минималната плата

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, изјави дека трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза.

„Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари“, рече Тренчевска во интервју за утринската програма на МРТВ.

Таа заедно со претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија денеска ќе има состанок кај вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

„Ќе разговараме за минималната плата и за дијалогот кој ќе го продолжиме понатаму во Економско социјалниот совет за да изнајдеме најдобро решение прифатливо за сите“, рече министерката Тренчевска во интервјуто.

Exit mobile version