Home Botë Трампуж: Подваријантата „БА2“ заразува осум до десет луѓе, но има полесни симптоми 

Трампуж: Подваријантата „БА2“ заразува осум до десет луѓе, но има полесни симптоми 

Дали новиот мутиран корона вирус регистриран во Индија, како и новата подваријанта на омикрон наречен БА-2, може да ја влоши ситуацијата во Европа?

Одговори побаравме од германскиот инфектоког, Андреј Трампуж..

Во Германија досега немаме потврдено од новата (ХЕ варијанта), но доминантна е т.н BA2, која многу брзо се шири во просек една личност заразува осум до десет други луѓе. И понатака имаме секој ден околу 200.000 нови инфекции, но наjголемиот дел од овие инфекции не се тешки. Во болниците во овој момент не гледаме многу пациенти. И надеваме дека така ќе остане. Воглавно оние кои се невакцинирани имаат тешка слика. Инфекции има и кај оние кои се три пати вакцинирани и кај нив инфекцијата е слаба.

Она од што се плашиме е дека ќе дојде некоја нова варијaнта на есен или на зима која ќе биде толку опасна како што порано беше и делта варијанта и затоа мора сега да се спремиме и понатака да вакцинираме луѓе, како подобро би се спремиле на есен, вели Трампуж.

Exit mobile version