Во лизгање на земјиштето во кинеската југозападна провинција Сечуан денеска загинаа 14 лица, а петмина се водат како исчезнати, јавија државните медиуми.
Свлечиштето започнало утрово околу шест часот по локално време, во планинска област во близина на градот Лешан на југот на покраината.
На теренот има повеќе од 180 спасувачки тимови, а операциите за пребарување и спасување се уште се во тек, објави државната ЦТВ.
Пред два дена градот Лешан го зафати силен дожд, кој предизвика одрони.