6.4 C
Struga
Friday, April 19, 2024
spot_img

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вечерва телефонски разговараше со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, вечерва телефонски разговараше со советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, во присуство на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Зарко Милошевски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела П. Агелер.

Премиерот Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот за значајната поддршка од САД во сите клучни моменти и важни процеси за нашата држава, за што од големо значење е стратешкото партнерство на Македонија со Соединетите Американски Држави.

Во разговорот со високиот претставник од Стејт департментот, Шоле, премиерот Ковачевски потенцираше дека еден од врвните надворешно-политички приоритети на нашата држава се зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан, за што Македонија дава активен пример преку политиките на дијалог и почитување на домашен план и во добрососедските односи.

Премиерот Ковачевски и советникот на Стејт департментот Шоле разговараа за повеќе актуелни прашања, пришто е оценето дека Македонија е држава којашто напредува и е изразена целосна поддршка на евроинтеграциите на Македонија, како прашање од државно, регионално и европско значење, како и очекување дека е тоа препознаено и од пошироката политичка и општествена јавност.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles