Home Maqedoni ТАВ – се враќаат летовите од пред пандемијата 

ТАВ – се враќаат летовите од пред пандемијата 

Од 28-ми месецов започнува летниот распоред на летање на домашните аеродроми, информираа од ТАВ. Воедно, како што велат оттаму, на распоредот ќе се вратат летовите до дестинации што беа укинати откако започна ковид-пандемијата, но ќе стартува и новата линија Скопје-Софија, а ќе се возобнови и линијата кон Варшава.

Сепак, нема да се лета кон Москва, Санкт Петербург и Киев. Истовремено со стапувањето во сила на летниот ред на летање, на Скопскиот аеродром почнуваат и градежни активности за обнова на пистата. Во првите два месеца од годинава на аеродромите во Скопје и Охрид се регистрирани над 200.000 патници, што е пад од скоро 30% проценти на вкупниот број патници споредено со истиот период во 2019 година.

Од раководството на аеродромот велат дека последиците од Ковид-кризата сѐ уште се чувствуваат глобално и оти се потребни уште најмалку две до три години за закрепнување на авиосообраќајот на светско ниво. 

Exit mobile version