Home Maqedoni Сè уште е рано за симнување на маските, надлежните апелираат за помасовна...

Сè уште е рано за симнување на маските, надлежните апелираат за помасовна анти-ковид вакцинација

Во текот на вчерашниот ден, по долго време е регистрирана двоцифрена бројка на нови позитивни случаи на коронавирусот. Потврдени се 64 позитивни лица на Ковид-19, од кои 12 се реинфекции. Министерот за здравство, Беким Сали вели дека намалениот број на нови случаи не е индикатор оти Ковид-кризата е надмината и „сè уште е рано за симнување на маските“.

Надлежните институции апелираат на што помасовна вакцинација, а од вчера започна и караванот за вакцинација против вирусот, што има за цел да ја промовира вакцината како начин на сигурна имунизација. Започна во Шуто Оризари, а во следните две недели ќе опфати 14 општини.

Караванот за вакцинација против Ковид-19 денеска од 12 часот до 16 часот ќе биде на плоштадот во Кратово. Во следните денови караванот ќе биде во Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

Exit mobile version