Home Strugë Стружанката Бистра Кумбароска меѓу добитниците на наградата ,,Македонска книжевна авангарда”

Стружанката Бистра Кумбароска меѓу добитниците на наградата ,,Македонска книжевна авангарда”

Добитници на наградата ,,Македонска книжевна авангарда” за книги објавени во минатата година се: Славица Гаџова Свидерска за книгата,,Политики на стравот”, Бистра Кумбароска за книгата, ,,Скршена, кршлива и други начини да се стане цела”, Огнен Неделковски за книгата “Ловци на лажни вести од зграда 39″, Марија Ралповска за книгата,,Сенки во подземјето”, Ана Стојаноска за книгата,,Лебед” и Славица Урумова Марковска за книгата,,Алфа и Омега”.

Селектор на најдобрите дела беше проф.д-р Христо Петрески, а на Конкурсот за наградата,,Македонска книжевна авангарда” пристигнаа вкупно 17 објавени книжевни остварувања.

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација,,Македонија презент” од Скопје, а се доделува за иновативна, експериментална и креативна, односно најдобра книга објавена во 2021 година.

Досегашни добитници на наградата се: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтеска, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска – Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска – Станоеска.

Exit mobile version