Репрезентацијата на Македонија загуби на првиот меч на Европското првенство од Словенија со 25:27 . И покрај поразот, важно е тоа што македонските ракометари покажаа голема борбеност и квалитет и покрај грешките кои словенците знаеа да ги казнат.
Вистинска sвезда на натпреварот беше стружанецот Цветан Кузманоски кој сосема ја оправда довербата која му ја даде селекторот Лазаров.
Кузманоски беше најефикасен на натпреварот со осум гола и перфектна реализација од седум метри.