Home Strugë Струга е подготвена за третото издание на ,,Трка на поезијата“

Струга е подготвена за третото издание на ,,Трка на поезијата“

Струга е подготвена за  третото издание на  ,,Трка на поезијата“.

Манифестацијата оваа година ќе брои 1200 учесници во вкупно три атлетски трки:

  • БОГРАД ДЕТСКА ТРКА (300 учесници),
  • Рекреативна трка 5км (540 учесници), и
  • Главна трка 10 км (360 учесници).

Во Струга повторно доаѓаат нашите истакнати атлетски имиња во Македонија како што се Дарио Ивановски, Адријана Поп Арсова, Александар и Биљана Кираџиеви, Атанас Анчевски, Димитар Петровски, Весна Кираџиева, Игор Јакимовски, Жан Тосев како и доста други активни и рекреативни од вкупно 11 држави кои постигнуваат одлични резултати во кралицата на спортот.

,,За сето ова да е беспрекорно организирано и да доликува на еден врвен настан најголема поддршка од самиот старт ни е Општина Струга на чело со градоначалникот г-дин Рамиз Мерко кој што безрезервно ја прифати и поддржа нашата идеја и визија да ја развиваме Струга во атлетски град и да пренесуваме пораки за здрав живот.“-информираат организаторите.

БОГРАД ДЕТСКА ТРКА ЗА РЕТКИТЕ ДЕЦА

Овогодишното издание на детската трка добива и уникатно име, поддржано од нашиот верен генерален покровител од самиот почеток на нашиот настан.
Хотел Боград како генерален покровител на детската трка заедно со нас и здружението „Ретко е да си редок“ од Охрид кои максимално се вклучија во оваа кампања за поддршка на децата со ретки болести.

Оваа година, еден ден пред главниот настан, на 20.05.2023 година во сабота со почеток во 18:00 часот дечињата ќе ја обојат Струга со трчање и ќе бидат презентери на еден од најубавите настани кои ги памети и создава нашата убава Струга.

Оваа година ќе се натпреваруваат во пет различни категории почнувајќи од 4 до 13 години, и тоа:
– Прва категорија од 4 и 5 годишна возраст (100м)
– Втора категорија од 6 и 7 годишна возраст (200м)
– Трета категорија од 8 и 9 годишна возраст (300м)
– Четврта категорија од 10 и 11 годишна возраст (500м)
– Петта категорија од 12 и 13 годишна возраст (500м)

* Секое дете ќе си добие официјална маица посветена на трката и финишер медал.
* Покрај натпреварувачкиот карактер во трчање ќе има и забавни точки кои што ќе можат да се забавуваат дечињата.

Exit mobile version