Home Strugë Струга: Во тешка сообраќајка помеѓу „опел“ и автобус повредени се две лица

Струга: Во тешка сообраќајка помеѓу „опел“ и автобус повредени се две лица

На 16.06.2023 околу 15.20 часот било пријавено дека во Струга, на регионален пат Р1208 се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.П.(53) од Охрид и автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(42) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.П., а со телесни повреди се здобил Х.Б. кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“-Охрид.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга.

Exit mobile version