12 C
Struga
Thursday, March 28, 2024
spot_img

На маргините на Конференцијата „Поддршка на парламентарната демократија ширум светот: градење демократска отпорност“ во Европскиот парламент, Џафери се сретна со европратеникот Андреас Шидер, кој е активен учесник во Жан Моне Дијалогот.

На почетокот на средбата, европратеникот Шидер изрази жалење што заради службени обврски надвор од Белгија не присуствувал на вчерашниот состанок со колегите Валсман и Ќучук. Покрај за Дијалогот Жан Моне, тој изрази интерес и за актуелната политичка состојба во државата, за напредокот на скрининг процесот и уставните измени.

Претседателот Џафери го информираше европратеникот Шидер за тековните процеси во Собранието, конкретно, за разгледувањето на Предлог – Буџетот на државата, за временската рамка за негово усвојување, како и за приоритетните предлог закони кои што треба да се усвојат од страна на Собранието до крајот на оваа година. Дополнително, се наврати и на двете поднесени иницијативи за распишување на референдум, за политичкиот дијалог во Собранието, како и уставните измени кои што треба да се усвојат пред да започне отворањето на кластерите со ЕУ. Во однос на политичките настани и одржувањето на Жан Моне Дијалогот, претседателот Џафери нагласи дека очекува процесот за усвојување на новиот Деловник да се заврши во 2023 година зашто нов Деловник, ќе го ослободи Собранието од блокади и ќе го насочи законодавниот процес кон ефикасност и продуктивност.

Европратеникот Шидер нагласи дека одблиску ги следат реформите и процесите во Македонија и очекуваат во 2023 година да се случат сите посакувани и потребни промени и напредок на државата кон ЕУ, но не заради европските интеграции, туку во насока на придобивките за граѓаните и државата.

Соговорниците заеднички констатираа дека е потребно овој пратенички мандат да ги остави зад себе сите процеси од транзицијата и сите оправданија кои прават државата да тапка во место и едногласно, пред Европската унија и светот, да ја потврди и реализира заедничката стратешка цел.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles