Home Maqedoni Спасени три лица кои поради невремото изгубиле контрола над чамец во Дојранското...

Спасени три лица кои поради невремото изгубиле контрола над чамец во Дојранското езеро

Денеска (30.08.2023) во 08.30 часот во СВР-Струмица од страна на граѓанин е пријавено дека во водите на Дојранското езеро три лица изгубиле контрола над чамец поради невремето и не можеле да се вратат кон брегот. Веднаш се преземени мерки од страна на патролниот тим од ПС за ГН и ГП -Стар Дојран, чамецот е пронајден и потоа со помош на патролниот тим чамецот и трите лица безбедно се извлечени на брегот на Дојранското езеро.

Exit mobile version