Home Maqedoni Сочуство од претседателот Пендаровски за загинатите во експлозијата во Истанбул

Сочуство од претседателот Пендаровски за загинатите во експлозијата во Истанбул

Претседателот Стево Пендаровски попладнево изрази сочуство до семејствата на загинатите во експлозијата во Истанбул, до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и до турскиот народ.

-Изразувам длабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по денешната стравична експлозија во Истанбул. На повредените им посакувам брзо закрепнување, напиша Пендаровски на Твитер.

Како што јави турската телевизија НТВ, експлозија денеска нешто по 16 часот, по локално време, се случи во најпознатата улица и пешачка авенија во Истанбул, Истиклал, кога улицата била преполна. Во експлозијата има загинати и повредени. 

Exit mobile version