Home Maqedoni Сообраќајот по влажни коловози, намалена видливост поради магла на одредени делници 

Сообраќајот по влажни коловози, намалена видливост поради магла на одредени делници 

Сообраќајот на патиштата се одвивa по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 10 до 20 метри има на патниот правец с.Лисец – Попова Шапка, соопшти Автомото сојузот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Exit mobile version