Home Strugë Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга-Дебар

На 17.01.2022 околу 13.20 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, со вевчански регистарски ознаки, управувано од Т.Р.(41) од с.Вевчани, струшко и патничко возило „шкода“, со струшки регистарски ознаки, управувано од К.А.(49) од елото Велешта, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.А., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од полициската станица Струга.

Exit mobile version