6.3 C
Struga
Saturday, April 20, 2024
spot_img

Сообраќајка на локалниот пат Радолишта-Калишта, две лица се повредени

На 5-ти јуни 2023 година, во 14:58 часот во ОВР Струга било пријавено дека на локалниот пат од селото Радолишта кон струшко Калишта, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

Незгодата се случила помеѓу две патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки, „Бмв” управувано од страна на 26-годишниот А.К. од селото Радолишта и возило „Голф” управуван од 60-годишниот У.У. од селото Франгово. Во несреќата, возачот У.У. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.К. се здобил со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар во Струга. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

извор: МВР

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles