Home Maqedoni Слаб снег на дел од патиштата, застои нема

Слаб снег на дел од патиштата, застои нема

Врнежи од снег со слаб интензитет вечерва се бележат во Крива Паланка, Крушево, Павлешенци и Берово, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Exit mobile version