Home Botë СЗО расправа за укинување на пандемијата, конечна одлука ќе има најрано идната...

СЗО расправа за укинување на пандемијата, конечна одлука ќе има најрано идната недела 

Меѓународен експертски комитет денеска започна расправа за укинување на вонредната состојба во јавното здравство поради Ковид-19, а Светската здравствена организација (СЗО) треба да ја објави својата одлука најрано во понеделник.

На почетокот на состанокот, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, истакна дека во изминатите осум недели се регистрирани повеќе од 170.000 смртни случаи. „Реалната бројка е секако многу поголема“, рече тој, додавајќи дека ситуацијата во Кина се влошува.

„Укинувањето на ограничувањата во Кина доведе до нагло зголемување на смртните случаи во најнаселената земја во светот. Скоро 40.000 смртни случаи беа пријавени во СЗО минатата недела, повеќе од половина од нив од Кина.

Комитетот, чии размислувања треба да завршат најрано оваа вечер, потоа треба да го известат Тедрос за своите наоди, оставајќи му да одлучи за или против укинување на сегашната вонредна состојба.

Претходно оваа недела, Тедрос изрази загриженост поради континуираниот пораст на бројот на смртни случаи поврзани со Ковид.

Прогласувањето на вонредна состојба е највисокото ниво на тревога што СЗО може да го прогласи. Тоа го прави во случај на закани за да може владите и јавноста да бидат предупредени и подготвени.

Ниту прогласувањето, ниту укинувањето на вонредната состојба немаат непосредни последици. Секоја земја сама одлучува како да управува со кризата.

Exit mobile version