Home Botë СЗО: Ковид-19 останува глобалена вонредна ситуација

СЗО: Ковид-19 останува глобалена вонредна ситуација

Светската здравствена организација објави дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна ситуација, речиси две и пол години откако првпат беше прогласена.

Комитетот за вонредни ситуации, составен од независни експерти, во соопштението посочува дека зголемениот број случаи, постојаната еволуција на вирусот и притисокот врз здравствените служби во голем број земји значат дека состојбата е се уште вонредна.

Бројот на пријавени случаи во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи, се вели во соопштението на Комитетот.

„Ковид-19 не е ни приближно завршен“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева.

„Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме“.

Поради Ковид-19, на 30 јануари 2020 година, Светската здравствена организација за прв пат прогласи највисоко ниво на предупредување, познато како јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународен интерес.

Таквата одлука може да помогне да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста.

Exit mobile version