7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Се преземаат мерки за справување со мајмунските сипаници, КЗБ не очекува сериозно ширење

Се преземаат мерки за справување со мајмунските сипаници, КЗБ не очекува сериозно ширење.

Мајмунските сипаници не треба да ги загрижуваат граѓаните, бидејќи не се шират лесно како што е случајот со КОВИД-19. Од Комисијата за заразни болести не очекуваат драматичен развој или сериозно ширење на мајмунските сипаници.

Досега во земјава беа пријавени два суспектни случаи, кичевец кој одбива да биде тестиран, и мигрант хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, кој е негативен на тестот.

Поради тоа што нема законска можност пациентот од Кичево да биде „присилен“ на тестирање, Комисијата за заразни болести по вчерашниот состанок соопшти дека ќе достави предлог до министерот за здравство да се предложи здравствен надзор на ова лице.

Ова, како што појасни портпаролот на КЗБ, д-р Злате Мехмедовиќ, ќе значи дека согласно тоа постапување ќе имаат разрешница, односно со помош на Државниот санитарен здравствен инспекторат и Министерството за внатрешни работи тие ќе можат да го лоцираат лицето со цел да се тестира.

Претходно, Комисијата препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, како и секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на траење на инкубацискиот период од 21 ден. Оваа одлука е доставена до Министерството за здравство, со цел да се преземат сите неопходни превентивни мерки.

Сите граѓани кои ќе пројават симптоми на мајмунските сипаници, како што изјави претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски потребно е да го контактираат матичниот лекар, а потоа доколку постои сомнеж ќе биде пратен на Клиниката за инфективни болести.

Тестирањето за мајмунски сипаници може да се направи во Институтот за јавно здравје, каде во моментов, како што информираше Петличковски има околу 3300 тестови.

– Пациентите со мајмунски сипаници се заразни кога ќе им почнат симптомите. Симптомите можат да бидат осип, болни лимфни јазли, покачена температура. Најзаразен е секретот од кожните промени и затоа пустилите можат да бидат покриени, кога лицето треба да оди на лекар. Од тука нема задолжително изолирање ниту на пациентите, ниту на контактите, информираше Петличковски.

Според податоците на Светската здравствена организација, во моментов Европа е најпогодена од мајмунските сипаници. На европскиот регион на СЗО отпаѓаат околу 55 проценти од потврдените случаи на мајмунски сипаници во светот само од изминатиот месец, а четири земји во Европа (Шпанија, Обединето Кралство, Германија и Франција), пријавиле 76 отсто од случаите.

Специјалната претставничка на регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа во Северна Македонија, д-р Ане Јохансен во изјава за МИА препорача дека е потребно дури и во земјите кои сè уште немаат пријавено случаи на мајмунски сипаници, органите задолжени за јавното здравје брзо и значително да ги зајакнат националните капацитети за надзор, испитување, дијагностика и пронаоѓање на контактите, сè со цел да се идентификува и следи секој евентуален случај.

Согласно податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во светот до 9 август се пријавени вкупно 31 800 случаи со мајмунски сипаници.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles