Home Maqedoni Се евидентираат штетите во Битола по земјотресот во Грција

Се евидентираат штетите во Битола по земјотресот во Грција

Земјотерсот во Грција со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја потресе и земјава. По него следеа низа земјотреси кои се познати како афтершокови. Потресите намјмногу ги почивствувале битолчани, оние кои живеат во кулите, на висок спрат. По земојтресот во делови од Битола немаше струја.

„Нашата зграда е малку од постаро време. ’60 година е градена. Тресеше, но во Битола навикнати сме на тоа. Повеќе се исплашија станарите од кулите тие побргу излегоа надвор, луѓето стоеа тука и еве сега сите си отидоа дома“, вели еден битолчанец.

Оштетени градинки, училишта, ѕидови од згради во Битола… Привремено е затворена една детска градинка која е дел од „Мајски цвет“. Ќе се прават дополнителни безбедносни и градежни проверки. Градоначалникот на Битола ги повика граѓаните доколку имаат штета да ги пријават.

„Првично се информиравме во службата за итна медицинска помош, во противпожарната заштита. За среќа, повици за повредени немаше и за материјални штети во првичните моменти“, рече Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Во Битола ќе се формира комисија за штети настанати по синоќешниот земјотрес. За нивна проценка на испомош се и од Институот за земјотресно инженерство. Ќе бараат помош Владата за санирање на штетите.

„Во Битола имаме големи институции, болници, градинки, суд, имаме индивидуални живеалишта и секако дека имаме објекти кои се под заштита и сметам дека можеби таму ќе имаме големи финансиски средства кои ќе треба да се предвидат, бидејќи самата нивна реконструкција најверојатно ќе чини повеќе“, изјави Габриела Илиевска, Претседателка на општинскиот Совет.

Земјотресот со епицентар во Грција на четри километри од градот Лерин го почувствува речиси цел Балкан, односно, освен кај нас – и во Албанија, Косово, Бугарија, Србија, па дури и во Босна и Херцеговина.

Exit mobile version