Home Maqedoni Сертификатите за вакцини остануваат и со новиот министер за здравство 

Сертификатите за вакцини остануваат и со новиот министер за здравство 

Нема да се укинат вакциналните сертификати, но нема да има ниту нови рестрикции. Остануваат на сила истите мерки како досега, информираше министерот за здравство.

– Според епидемиолошката состојба, во државата има многу мал број вакцинирани, а се уште продолжува пикот на четвртиот бран. Не можеме да зборуваме за намалување на рестриктивните мерки. Веќе десет дена има благо зголемување на бројот на хоспитализирани, а тоа значи дека сме во тек со состојбата, ја контролираме и со капацитети на кревети кои ги има сосема доволно и од аспект на кадар сме сосема доволно добро организирани. Така што нам ни останува само да чекаме да се намалува бројот. Има благо намалување на бројот од аспект на новоинфицирани. Вака како што сме продолжуваме, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Новина во двонеделниот мандат на Беким Сали е најавата за проширување на Комсијата за заразни болести, но јавноста утре ќе дознае кои се новите членови.

 Откако вчера тројцата професори Даниловски, Пановски и Марковски кои преку Фејсбук ги покани министерот да бидат дел од тимот, експертите одбија поради не соодветниот начин на покана преку социјалните мрежи, но и поради немањето автономност на Комисијата бидејќи нејзините одлуки не се извршни туку советодавни.

-Поканата е јавна до сите експерти. Во случај на пандемија, односно во случај кога ние се бориме против еден вирус мислам дека не би требало да пристапуваме со начинот како сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме и да бидеме членови на комисии, односно работни групи каде што се судруваат или се дискутираат аргументи со цел доаѓање до некое одредено, привремено, можеби и трајно решение. Не е период за дискусии лични и молење и други начини на покана, изјави Беким Сали.

Министерот Сали денеска посети 4 годишно детенце на Клиниката за детски болести кое успешно е излекувано од леукемија.

Exit mobile version