7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

СДСМ е убедена дека нема да има реконструкција на Владата 

Реконструкција на владиниот кабиент на Ковачевски нема да има, тврдат од владејачката СДСМ. Од матичната партија на премиерот велат дека мнозинството во парламентот е стабилно и единствено и покрај превирањаата во коалициската ДУИ.

Во јавноста веќе излезе информацијата дека поранешниот скопски градоначалник, Ристо Пенов ќе го замени Милевски. Тој потврди дека е блиску до соработка со Ковачевски. Сепак, кога ќе се случи неговиот избор станува неизвесно.

Упатените велат дека тоа е така поради тоа што двајца пратеници на ДУИ кои се дел од т.н. огнената група која бара смена на вицепремиерот Груби. Иако Ахмети во Мала Речицаја повика огнената група за да се смират страстите, сепак барањата за смена на Груби останаа.

Пратеникот Изет Меџити, кој е меѓу незадоволните, јасно порача дека ако има интерпелација за вицепремиерот ќе се види на која страна е како пратеник. Муса Џафери, пак, кој исто е дел од огнена група, се закани со политичка војна во ДУИ доколку од функции не заминат Груби и други министри од редовите на интегративците.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ги коментираат внатрепартиските работи на ДУИ, но велат дека политичката криза може да се реши со предлог за распуштање на Собранието и нови избори.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles