Home Maqedoni Санкционирани возачи се вкупно 519 возачи на територијата на цела држава

Санкционирани возачи се вкупно 519 возачи на територијата на цела држава

За брзо возење на територија на цела држава во текот на вчерашниот ден санкционирани се вкупно 519 возачи.

“Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 233 надвор од населено место”, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Exit mobile version