Home Botë Санкциите ја погодија Русија – вредноста на рубљата падна за 30% 

Санкциите ја погодија Русија – вредноста на рубљата падна за 30% 

Руските граѓани утринава се разбудија во нова реалност, на економска и финансиска неизвесност.

 

Руските банки од денеска се исклучени и од системот „Свифт“, кој важи за глобална финансиска артерија и овозможува непречен и брз трансфер на пари преку граници. Тоа пак овозможи Рубљата да забележи драматичен пад од околу 30 проценти, а ако еден долар минатата недела се разменуваше за 83, денеска тоа изнесува над 110 рубљи. Санкциите ја попречуваат и способноста на централната банка да ја заштити Рубљата со продажба на резервите во земјите од Г7, а објавата предизвика страв кај Русите кои неколку дена чекаат во редици пред банкоматите.

-Од четвртокот сите трчаат до банкоматите за да извадат пари. Некој има среќа, некој не./ Порано живеев во 21 век, носев картички секаде. Не сум користел кеш можеби 5 години. / Ние сме луѓе што успеале поминале низ многу успони и падови во различни времиња. Ќе го надминеме и ова бидејќи е за поголемото добро. Јас поздравувам се што Путин прави.

И додека русите се навикнуваат на чекањето пред банкомати, во Украина се прават редови за храна пред маркетите. Цената дури и на основните прехрамбени производи руши рекорди во земјата, па така еден леб според последните информации чини околу 10 евра. На некои места пак кои се близу до боиштата има и недостаток од храна, па очајот го прави своето.

На социјалните мрежи се објавуваат видеа и фотографии од празни полици и граѓани како нервозно бараат прехрамбени производи, а некои одат и до таму што ги кршат излозите на маркетите се затворени за на тој начин да се снабдат со храна.

Зачестените грабеживо големите урбани места, го поттикна и градоначалникот на Киев Виталиј Кличко да упати порака дека секој кој ќе биде фатен како краде ќе биде застрелан. На некои места пак, сопствениците на маркетите ја преземаат правдата во свои раце.

Дека земјата се наоѓа пред хуманитарна катастрофа покажува и фактот што голем дел од западно – европските држави покрај воена помош испраќаат и храна и лекови, а последна во низата од соседството е Грција која доцна синоќа достави хуманитарна помош. Како дел од санкциите кон официјална Москва, небото над Европа, вклучително и Македонија е затворено за сите руски авио-компании и приватни авиони на руски бизнисмени. Токму за тоа од македонското МНР ги повикаа Македонците во Русија да ги искористат последните расположливи летови, копнени или пак морски линии и да ја напуштат земјата. Предупредувањето велат дека доаѓа бидејќи се заканува можност од целосен прекин на авио линиите од и кон Русија.

Exit mobile version