8.7 C
Struga
Wednesday, April 24, 2024
spot_img

Русија ја засилува офанзивата на истокот од Украина

Според информациите на британското министерство за одбрана русија го зголемува интензитетот на воените операции во Донбас каде што руските сили кои што се обидуваат да ги опколат Северодонецк, Лишанск и Рубижне за сега се соочуваат со силен украински отпор. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди Украинците дека наредниот временски период ќе биде суров, особено во Донбас.

На Светскиот економски форум во Давос Украинскиот птретседател рече дека во текот на тримесечната инвазија Русија извршила над 3.000 воздушни и 1500 ракетни напади. Тој посочи дека единствен руски функционер со кој би разоварал за примирје во моментов е рускиот претседател Владимир Путин, без кого како што рече неможе да се донесат одлуки.

-Сите наши партнери се согласуваат дека борбата на Украина во војната против Русија е заштита на заедничките вредности на сите земји во слободниот свет. Нашата заедничка слобода. И ако е така, тогаш имаме право да сметаме на целосна и итна помош, особено оружје.Секој мој меѓународен преговори, секое обраќање пред парламенти или друга странска публика е нужно поврзано со оваа тема. Благодарен сум на сите оние партнери кои ни помагаат и ни го обезбедуваат потребното оружје и муниција за да ја надминеме предноста на руската армија, особено во количината на опрема и оружје.-Володимир Зеленски, Претседател на Украина.

Во меѓувреме украински суд нареди апсење на поранешниот претседател Виктор Јанукович, кого го обвини за предавство. Тој се товари поради договорот познат како Харковски пакт, потпишан во 2010 година, а кој беше поврзан со продолжување на руската контрола врз Крим. Тоа и овозможи на Русија да ја задржи својата Црноморска флота во кримското пристаниште Севастопол, а токму Црноморската флота изврши дел од руската инвазија на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден на денешниот самит на индо-пацифички лидери оцени дека светот минува низ „мрачен час од својата заедничка историја”. Бруталната и неиспровоцирана војна на Русија против Украина создаде хуманитарна катастрофа и невини цивили беа убиени на улиците, а милиони беа внатрешно раселени и во егзил, рече Бајден. Тој ги повика лидерите да вложат поголеми напори за да се запре агресијата на Владимир Путин во Украина.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles