Home Botë Русите објавија видео од уништување на противракетен систем кај Киев

Русите објавија видео од уништување на противракетен систем кај Киев

Руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили со високопрецизно ракетно оружје го уништиле украинскиот противвоздушен ракетен систем БУК во регионот на Kиев.

„Ракетниот напад го изврши оперативно-тактичкиот комплекс „Искандер“, а контролата на ударот ја изврши дрон. Системот за противвоздушна одбрана е уништен со прецизен удар во целта“, соопшти министерството.

Претходно руската армија објави дека извршила нови ракетни напади врз воени цели во западна, централна и југозападна Украина.

Инаку, во Киев од вечерва до понеделник наутро повторно ќе биде воведен полициски час, изјави градоначалникот на украинскиот главен град, Виталиј Кличко.

„Воената команда одлучи да го продолжи полицискиот час. Тој ќе трае од вечерва во 20 часот до понеделник до 7 часот наутро“, напиша Кличко на социјалната мрежа телеграм.

Exit mobile version