Home Maqedoni Реконструкција на Владата нема да има

Реконструкција на Владата нема да има

Се чини дека владиниот кабинет нема да претрпи поголеми промени, освен министерот за локална самоуправа. Иако се шпекулираше за некои потенцијални имиња за промена, премиерот во моментов не размислува за реконструкција.

Ова го потврдуваат и од ДУИ.

Останува на лидерите на политичките партии да предложат промени во владиниот кабинет.
Актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски поднесе оставка од функцијата, како што рече, од лични причини. Либерал- демократската партија ќе го замени со Ристо Пенов, екс градоначалник на Град Скопје.

Во Собранието за новиот министер ќе се гласа веднаш штом ќе се постигне координација за нова седница со првиот човек на Собранието.

Овој владин состав предводен од Ковачевски е во функција од јануари годинава.

Exit mobile version