7 C
Struga
Tuesday, March 19, 2024
spot_img

Путин прв пат од почетокот на војната во Украина ќе отпатува во странство

Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија.

Путин првпат по инвазијата врз Украина ќе патува во странство односно ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан.

Предвидено е Путин во Душанбе да се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник. Рускиот претседател во Ашгабат ќе присуствува на Самитот на касписките држави, на кој ќе присуствуваат и лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и на Туркменистан.

При руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари, загинаа илјадници луѓе, а раселени се милиони лица, а Москва се најде под строги финансиски санкции од Западот. Путин тврди дека санкциите поттикнале зајакнување на трговските врски на Русија со Кина, Индија и Иран.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles