По повод буџетската поддршка од 80 милиони евра од Европската Унија за справување со енергетската криза, денеска во Владата ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир.
Како што соопшти владината прес-служба, на настанот обраќања ќе имаат и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.
По официјалните обраќања ќе биде организирана и прес-конференција на премиерот Ковачевски и евроамбасадорот Гир.