8.9 C
Struga
Friday, March 29, 2024
spot_img

Полицијата вчера казни скоро 170 возачи кои возеле пребрзо

Во текот на вчерашниот ден (29.05.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 168 возачи. Од нив, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две со дури над 70 километри на час над дозволеното.

Притоа, 94 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 74 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Related Articles

Na Ndiqni

0FansLike
0FollowersFollow
- Advertisement -spot_img

Latest Articles