Home Maqedoni Позитивен тон во извештајот на ЕК за Македонија

Позитивен тон во извештајот на ЕК за Македонија

Генерално позитивни оценки во годинешниов извештај на Европската комисија за Македонија. Пред европскиот парламент еврокомесарот Вархеји накратко го сублиомираше напредокот на земјава во реформскиот процес како задоволителен, но со критика дека треба повеќе работа во секторот на борбата со корупцијата и јавната администрација. Пофалби добивме за курсот на македонската надворешна политика во однос на Украина, иако тоа не е критериум за пристапување.

Важноста од конструктивноста на собранието е дел од извештајот. Тоа го потенцираше и известувачот за Македонија Ќучук со забелешка дека клучните одлуки ќе се носат токму таму кога се работи за напредок во прговарачкиот процес, со што се согласи и Вархеји.

Западниот Балкан останува во фокусот на ЕУ, особено во ситуацијата со војната во Украина и актуелната енергетска киза. Брисел планира инвестициските фондови догворени во следниве шест години во износ од 29 милијарди евра да ги пренаосчи пред се во справување со енергетската криза. Тука е планот за 3 соларни централи кои треба да се направат во Македонија и во Албанија, и изградба на нов нафтовод меѓу Бугарија и Србија со цел Белград да се ослободи од зависноста од рускиот гас. Што се однесува до останатите земји од регионот, за БиХ е препорачан кандидатски статус, додека пак либерализацијата на визниот режим за Косово се уште виси во воздух. Извештајот на Комисијата евроамбасдорот Гир веќе му го предаде на претседателот Пендаровски, а потоа ќе го презентира и пред премиерот Ковачевски

Exit mobile version