Home Maqedoni Пендаровски најави посета на Бугарија

Пендаровски најави посета на Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски најави официјална посета на Бугарија која би се случила за еден месец. 

Тоа го договара со својот бугарски колега Румен Радев, а целта е двајцата да дадат позитивен и личен придонес во надминувањето на спорот меѓу двете земји. 

Пендаровски на тркалезна маса „Пристапувањето на Западниот Балкан кон ЕУ, се осврна и на проширувањето на ЕУ, потенцирајќи дека поддршката кај граѓаните за овој процес се намалува, не само во земјава, туку и во целиот регион.

Exit mobile version