Home Maqedoni Пендаровски:Гаранции од Софија дека со внесувањето на Бугарите во уставот се затвораат...

Пендаровски:Гаранции од Софија дека со внесувањето на Бугарите во уставот се затвораат барањата

За Македонија е прифатлив договор со Бугарија што ги затвора сите отворени прашања.

Претседателот Пендаровски смета дека земјава мора да има гаранција од Софија или Брисел дека прашањето за вклучување на Бугарите во Уставот ќе биде последно барање на Софија.

Пендаровски за Канал 5 изјави дека доколку Бугарија се обврзе дека нема да бара ништо дополнително за кревање на ветото, тогаш ќе се добијат двојни гаранции, иако до овој момент таков позитивен сигнал од бугарска страна нема.

Пендаровски не е оптимист дека во јуни ќе има датум за почеток на прегови со ЕУ, според него шансите за кревање на ветото се помалку од 50 проценти, бидејќи Софија во изминатиот месец повторно се обидува да ја врати историјата, но вината како што изјави не ја гледа кај премиерот Петков, туку кај други фактори во и надвор од бугарската влада.

Во моментов според власта нема финален документ, прифатлив за двете страни,но како што изјави денеска премиерот Ковачевски тој не се врзува за датуми, а договор е можен само со сеопфатно решение

Ставот на Софија и натаму е непроменет, очекува решение на спорните политички прашања пред почетокот на преговорите за членство во ЕУ, што подразбира уставни измени за внесување на Бугарите..

„Промената на Уставот на Македонија и внесувањето на еден збор – Бугари, заедно со другите државотворни народи, во земјата значи дека ја прифаќа европската идеја“, изјави деновиве бугарскиот претседател Радев.

Во мегувреме на позитивен епилог за датумот за преговори во јуни се надева лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални“, изјави денеска Ахмети.

Exit mobile version