Home Strugë Официјално отворена “Магна Мирорс”, нова странска инвестиција во ТИРЗ Струга

Официјално отворена “Магна Мирорс”, нова странска инвестиција во ТИРЗ Струга

Компанијата ќе вработува околу 1 300 лица кога ќе го постигне својот планиран капацитет, а поддршката од државата на оваа инвестиција е околу 50 проценти.

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот.

Премиерот Димитар Ковачевски, на официјалното отворање, порача дека одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили – се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата.

– Да не се отвореше оваа компанија сите млади кои се тука вработени ќе требаше да одат да работат во некоја од земјите во ЕУ и затоа сакам да им се заблагодарам и на Магна и на нејзиниот менаџмент што ја одбраа Македонија за отворање на оваа високотехнолошка компанија, порача Ковачевски.

Компанијата ќе вработува околу 1 300 лица кога ќе го постигне својот планиран капацитет, а поддршката од државата на оваа инвестиција е околу 50 проценти.

Потпретседателот на компанијата „Магна Интернационал“ Дејвид Кресп, порача дека Магна има широко портфолио и е на четврто место глобално во својата индустријата, додека Магна мирорс е лидер во производстото на внатрешни и надворешни огледала за автомобили, како и напредни видео системи за следење на движењето, модули и компоненти за возила.

– Тоа што почна како идеја во 2018, сега е реалност. Нашата инвестиција е околу 35 милиони евра, се наоѓа на површина од 17 илјади метри квадратни и ќе има една илјада вработени, изјави Кресп.

Директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, порача дека продолжуваат да работата и очекува двојно да се зголемат странските директни инвестиции.

„Магна интернационал“ е канадска компанија со глобално седиште во Онтарио-Канада, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти.

Exit mobile version