Home Maqedoni Османи: Има приближување на ставовите со Бугарија

Османи: Има приближување на ставовите со Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека има одредено приближување на ставовите со Бугарија, но, како што нагласува, не до позиција да се каже дека е најден заеднички јазик за надминување на разликите. Битно е посочува тој, да се најде решение од кое подеднакво ќе бидат и задоволни и незадоволни двете страни за да може да се продолжи со процесот на интеграција на земјава во ЕУ, што, вели, е од исклучителна важност и сега особено во контекст на новите геополитички случувања и конфликтот меѓу Русија и Украина.

Тој истакна дека на последната средба со бугарскиот премиер Кирил Петков разговарал за политичкиот процес, и за сите детали на прашањето, за сите негови апекти.

-На секоја средба има одреден прогрес односно одредено приближување на ставовите, меѓутоа се уште не можам да кажам дека сме во позицијата да речеме дека најдовме заеднички јазик за надминување на разликите како понатаму, бидејќи тогаш би требало како што имаме ветено да дојдеме во Скопје да ја информираме јавноста. Значи се уште не сме во таа позиција иако мислам дека ваквите чести средби даваат појасна слика на двете страни за тоа како понатаму дас се движиме во процесот, рече Османи на редовниот брифинг со новинарите.

Exit mobile version