Home Maqedoni Османи: За неколку дена ќе се знае дали во Софија ќе биде...

Османи: За неколку дена ќе се знае дали во Софија ќе биде погребана европската перспектива на регионот

Министерот Османи, во моментов кога во Бугарија нема функционална Влада,  сепак се надева на политичка волја за деблокада и старт на преговорите по самитот во јуни. Тоа, според него, го очекува и целиот регион. Според Османи , не е само во прашање Македонија, туку и европската перспектива на Западен Балкан, но и политиките на ЕУ.

-Јас се надевам дека бугарските политичари ќе се издигнат на нивото на задачата којашто ја имаат и нема да дозволат во Софија да се изгради споменик на гробот на најуспешната политика на ЕУ во последните 75 години, а тоа е политиката на проширување, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

И шефот на хрватската дипломатија Радман, пред јунскиот самит, не исклучува дека постои барем техничка можност за старт на Првата меѓувладина конференција. 

-Мислам дека технички се е можно, тоа е за недела дена. Јас и во изјавата најавив дека очекуваме и се надеваме на свикување на првата меѓувладина конференција. Мислам дека тука е многу важно и француското претседателство, но и влијанието на водечките земји во ЕУ кои исто така се за безбедноста и афирмацијата на европските вредности.

Според Радман интеграцијата на регионот е важна и за Хрватска но и за ЕУ бидејки тоа е гаранција за безбедноста на целиот континент, во актуелниот момент кога војната во Украина може да предизвика домино ефект.

Exit mobile version