Home Maqedoni Османи: Во преговорите со Бугарија четири пати ќе разговараме за иднината, а...

Османи: Во преговорите со Бугарија четири пати ќе разговараме за иднината, а еднаш за минатото

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со новинарите рече дека со новиот пристап на преговори со Бугарија, агендата е четири пати да се разговара за иднината, а еднаш за минатото.

Османи потенцираше дека секоја од четирите новоформирани комисии плус историската комисија до мај секоја поединечно ќе се состане по три пати.

На 28-ми во Скопје, ќе заседава историската комисија, а претходно во Софија и Скопје ќе работат комисиите за евроинтеграции, дигитализација и зелена агенда, комисијата за образование и култура, историската комисија.

Exit mobile version