Home Maqedoni Омикрон започна да се шири во Македонија – 59% од анализираните примероци...

Омикрон започна да се шири во Македонија – 59% од анализираните примероци се позитивни на овој сој

Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за Јавно Здравје откриени се нови 33 случаи на омикрон сојот на корона вирусот, соопшти вечерва Министерството за Здравство.

Тоа се 59% од позитивните примероци. како што соопшти министерството, од 56 примероци позитивни на ковид, 33 се позитивни на  омикрон сојот.

Од нив, 16 пациенти се од Скопје, десет од Охрид, четворица од Тетово, двајца од Кавадарци и еден од Кочани.

Кај тројца пациенти од Скопје, истовремено е откриена флурона, односно имаат и грип и корона.

Претходно, комбинирана зараза со вирусот на грип и корона вирусот, е откриена кај 26-годишен пациент од Зајас.

Тој  пред нова година се вратил од САД и според неговите кажувања, таму примил вакцина против Ковид, односно се ре-вакцинирал неколку дена пред да стигне во Македонија.

Тој е на домашно лекување, бидејќи засега нема тешка клиничка слика, велат од министерството за здравство.

Exit mobile version