Home Maqedoni Омикрон ги полни ковид центрите

Омикрон ги полни ковид центрите

Во трите Ковид центри во Скопје, Инфективна, ГОБ 8-ми Септември и Институтот за ТБЦ на болничко лекување има 151 пациент. Иако по новогодишните празници има зголемување на бројот на хоспитализации од Министерството за здравство велат дека состојбата засега е стабилна. 

-Точно е дека од после новогодишните празници се бележи благ пораст на хоспитализираните пациенти, што корелира со дневната статистика на заразени од новиот сој на коронавирусот, но треба да се напомене дека и самиот зимски период кој го носи со себе стандардниот товар на респираторните инфекции има удел во актуелната состојба. 80-90% од капацитетите за лежечки болни се исполнети во нашиот ковид центар, каде 75% од хоспитализираните се на кислородна подршка, изјави д-р Сеад Зејнел, директор на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Скопје.

Директорот на Институтот за ТБЦ, установа која 14 месеци е Ковид Центар вели дека потешките пациенти кои се хоспитализирани кај нив имаат и други различни придружни заболувања.

-Меѓу кои се бубрежните заболувања, состојби после различни оперативни зафати, состојби после мозочен удар и малигни заболувања. Поради тоа, треба и понатаму да се придржуваме кон превентивните мерки, како што се носењето маски во затворени простории, проветрување на просториите, секако и земањето на вакцините, рече Д-р Зејнел.

Од Ковид болниците велат дека последниот период бележат зголемен број амбуланстки прегледи. Последното деноноќие само на Инфективната клиника лекарска помош побарале 84 пациенти, а претходните денови имале и по 100 прегледи.

Exit mobile version