Home Maqedoni Од утре се одмрзнуваат замрзнатите цени на храната

Од утре се одмрзнуваат замрзнатите цени на храната

На полноќ завршува мерката на замрзнати цени на овошјето и зеленчукот, која беше на сила два месеци.

На полноќ завршува мерката на замрзнати цени на овошјето и зеленчукот, која беше на сила два месеци, но според најавите од ресорното министерство мерката нема да продолжи бидејќи цената на одредени приздводи била пониска од утврденото ниво.

Граѓаните и продавачите на пазарите генерално не се задоволни од мерката која беше донесена од Владата и не очекуваат од утре некаков зголемување на цените.

„Гледам дека и некако слабо и муштерии има. И цените не се многу високи во однос на потрошната. Не очекувам да се зголемат цените на овошјето и зеленчукот“

„А имаше мерка досега? Не сум забележал дека имало мерка. А и не очекувам ништо после тоа“

„Не бев задоволен и понатаму нема да бидам задоволен. Тоа е ујдурма некоја. Те ова те она. Мислам дека ќе има поскапување, затоа што е Задушница“.

„Воопшто не сум задоволен затоа што се е скокнато за 80 до 90 отсто. За обичниот свет ништо нема да се промени со мерките. Не очекувам зголемување, затоа што тоа е секојдневно. “

„Секако се очекува поскапување на цените, затоа што сите бегаат од пуста мотика. Никој не сака мотика, секој сака со пенкало да печали. Па добро беше, имаше ефект ама производителите не беа задоволни“

Министерот за економија бектеши пред два дена изјави дека состојбата ќе се следи будно секој ден и доколку има потреба, ќе се спроведат соодветни мерки.

Според него, инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалИЛА, и очекувањата се во јуни таа да биде пониска од 10 отсто.

Инаку, цените на компирот, краставиците и доматите на пазарите се движат од 40 до 90 денари, додека пак овошјето е нешто поскапо, јагодите и праските се 80 односно 150 денари, а висока ценат достигнуваат и црешите – до 220 денари за килограм.

Exit mobile version