Home Maqedoni Од утре поевтин дизел, Регулаторна го објави новиот ценовник

Од утре поевтин дизел, Регулаторна го објави новиот ценовник

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од полниќ малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден. и ќе изнесува 82,00 ден/литар.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС
не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00
ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки
малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2023 година и со тоа
малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,50 ден/лит.

Exit mobile version