Home Botë Ова е втора најтопла зима во Европа од почетокот на мерењата 

Ова е втора најтопла зима во Европа од почетокот на мерењата 

Европа ја доживеа втората најтопла зима од почетокот на евиденцијата во 1979 година, објави денеска службата за мониторинг на климата на ЕУ, додека посуви од просечните услови се забележани во големи делови од западна и југоисточна Европа.

Многу повисоки од просечните температури се измерени во Источна Европа и делови од североисточна Европа, објави Службата за климатски промени Коперник. Температурите биле под просекот на Пиринејскиот Полуостров.

Според извештајот, најтоплата зима од почетокот на мерењата била 2019/2020 година. На глобално ниво, овогодинешниот февруари бил петти најтопол досега, според Коперник.

„Поголемиот дел од Европа имаше натпросечни температури на воздухот, особено северна Норвешка и Шведска, како и (норвешкиот регион) Свалбард“, додава службата на ЕУ. Свалбард е архипелаг помеѓу норвешкото копно и Северниот пол.

Exit mobile version