Home Maqedoni Објавен е јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски...

Објавен е јавниот повик „Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст”

Повикот нуди поддршка за домашните претпријатија да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.

Вкупен буџет на повикот изнесува 5.060.000 евра.

Фондот обезбедува финансиска поддршка:

 до 70 проценти од вкупниот буџет на проектот за микро претпријатија, но не повеќе од 2,5 милиони денари или не повеќе од 5 милиони денари за мали претпријатија

 до 60 проценти од вкупниот буџет на проектот за средни претпријатија, но не повеќе од 10 милиони денари.

 Апликантот обезбедува сопствено кофинансирање од 30% за микро и мали претпријатија, односно до 40% за средни претпријатија од вкупниот буџет на проектот.

 Рок за поднесување на предлог проекти до: 05.05.2023 година.

 Дополнителни информации за повикот се достапни на следниов ЛИНК

Exit mobile version