Home Maqedoni Облачно и студено до крајот на неделата 

Облачно и студено до крајот на неделата 

Променливото облачно и студено време ќе се задржи и следниве денови. За четврток се најавуваат нови повремени локални врнежи од снег.

Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, а температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

За утре се очекуваат минимални температури од -11 до 0 степени, а дневните од -3 до 8 степени. Утринските температури ќе бидат ниски до крајот на недалата, а најстудено ќе биде за време на викендот кога минималните температури на одредени места ќе се спуштат и до -13 степени.

Exit mobile version