Home Maqedoni Нуркачи од Македонија, Хрватска и Косово го чистеа Охридското Езеро

Нуркачи од Македонија, Хрватска и Косово го чистеа Охридското Езеро

Охридското езеро плива во отпад,а за тоа говорат големите количини на смет, кои беа собрани за време на последната акција, која се спроведе на струшкиот дел од езерото, односно во изворите кај селото Калишта, на длабочина помеѓу пет и седум метри.

„Има нечистотии. Наидовме и на мини.На овој потег се среќаваат пластични шишиња, стаклени боци, лименки, најлони,конопи од мрежи. При оваа акција извадени седум-осум вреќи отпад. Гумите ги оставивме за наредниот пат кога ќе биде потопло.Ми се чини дека овој дел е почист од охридскиот дел“, изјави нуркач од нуркачки клуб Пена од Тетово.
Езерото покрај од Македонија, го чистеа и нуркачи од Хрватска и Косово.

„Тешко е да ги научиш луѓето и туристите да не фрлаат отпад во езерото, кој влијае негатвно врз еко системот. Се е во главата на луѓето, кои доаѓаат овде и како тие размислуваат.Во Јадранското море има многу повеќе отпад, бидејки има многу повеќе туристи. Доаѓа доста отпад и од правецот на Албанија и Средоземно море“, рече Дражен Иванковиќ-нуркач од Хрватска.

„Верувам дека треба поголема свест кај граѓаните за природата, за водата, за зеленилото. Потребна е поголема свест за тоа што не опкружува. Чистењето е секогаш добра работа,но мора да се подигне свеста кај граѓаните.Со едукација на децата, почнувајки од основно училиште,а исто така и фамилијарн едукација“, нагласи Едмонд Шаби- нуркач од Косово.

Изминатите години во повеќе одделни акции од езерските води беше изваден најразновидн вид на отпад, од апарати од домаќинствата, каучи, шпорети,фотељи, фрижидери, пластика, градежен шут, заплеткани рибарски мрежи.Добар дел од отпадот доаѓа од речните притоки кои се влеваат во езерото. Нуркачите честопати се сведоци и на угинати риби, што е резултат на несовесното човечко однесување. Од нуркачкиот клуб Пена, планираат годинава да спроведат уште неколку акции за чистење на Охридското и други езера во државата.

Exit mobile version