Home Botë Нови гранатирања врз украински градови – Зеленски бара поголеми санкции за Русија

Нови гранатирања врз украински градови – Зеленски бара поголеми санкции за Русија

Тлото повторно се тресеше во Киев и Лвов по нови воздушни напади од руските сили.

Украинските власти велат дека засега немаат конкретни информации за загинати и ранети, а Претседателот Зеленски повторно побара поголеми санкции и воена поддршка од западот. Според него, од нив зависи дали војната ќе биде долга или не, а колку побрзо Украина би добила оружје, толку подобра како што кажа би била украинската позиција за преговори.

-Јас секогаш им велам на нашите партнери со кои дискутирам на ова прашање дека обемот на поддршка за Украина директно влијае кон враќање на мирот. Тоа буквално дефинира уште колку многу Украинци и Украинки ќе загинат од окупаторот. Ако некој каже: година или години, јас одговарам: можете да ја направите војната многу пократка.- Володимир Зеленски – Претседател на Украина.

Руското Министерство за одбрана пак соопшти дека руските сили „со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух“ уништиле фабрика за оклопни возила во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Николаев.

-Со високо прецизно воздушно оружје со долг дострел ги уништи производствените згради на оклопната фабрика во Киев и работилницата за поправка на воена опрема во Николаев. / Ракетните трупи и артилерија погодија 811 цели, вклучувајќи: 43 командни пунктови на украинските војници, 8 конвои со гориво за воена опрема, како и 760 области за концентрација на непријателски сили.-Игор Конашенков – Портпарол на министерство за одбрана на Русија.

Русија вчера за прв пат од почетокот на војната употреби и стратешки бомбардери за борбите кои се водат во Мариупол. Градот кој се по извесно е дека ќе падне во руски раце според проценките на официјален Киев е речиси 95 проценти уништен, а украинските сили се опколени во фабриката Азовстал која продолжува да биде епицентар на најжестоките борби.

Во меѓувреме, продолжува концентрацијата на руските сили во околината на Добнас, но нема најави дали и кога би започнала офанзива кон украинските позиции. Во речиси исто време, Украина продолжува да добива засилена воена и финансиска помош, а последна во низата е Германија која вети една милијарда евра воена помош.

Exit mobile version