Home Shëndetësi Новите подваријанти на омикорн се уште по заразни

Новите подваријанти на омикорн се уште по заразни

Новиот под тип на омиркон варијанатата БА2 се шири многу побрзо и на повеќе луѓе, ако во една просторија има еден заразен со оваа варијанта, тој може да зарази и десет, за разлика од претходно кога еден заразен заразуваше три до пет луѓе.

БА 1и БА2 се новите подваријатни на Омикорн имаат полесна клиничка слика но кај вакцинираните со три дози, објаснува германскиот инфектолог Андреј Трампуж.

– Кај оние кои се потполно вакцинирани (три дози) омикрон се однесува како обична настинка и инфекција што познавме од претходните години во зимските месеци кога секој од нас имал скоро симптоми на настинка кои се повеќе во горните респираторни органи значи немаме воспаление на белите дробови. Но, затоа и повеќе се шири и се размножува во грлото и така продолжува да се шири. Што е добро маските да продолжат да се носат и штитат скоро 100 % кон сите варијанти. -инфектолог Андреј Трампуж.

Во моментов во Германија ја има варијантата на БА1 кај вакцинираните нема скоро никакви симптоми. Секој ден има 200 илјади нови заразени со омикрон во Германија за професорот Трампуж мора да има 80 проценти вакцинирано населени до летниот период со цел на есен да нема нови бранови и мутации на ковид 19. Тој вели дека и прележаните треба да се вакцинираат бидејќи по три месеци опаѓа имунитетот.

„Луѓето во најдобар случај прво треба да се вакцинираат три пати и тогаш и да се инфицираат ќе биде како природен бустер кој треба да не донесе до крај на пандемијата. Погрешно е ако кажеме дека не треба да се вакцинирам и чекам да се заразам. Тогаш ќе имам висок ризик обликот на заболување да е потежок, имам ризик да имам продолжен ковид -инфектолог Андреј Трампуж.

Во Македонија засега има сомнеж кај пет заразени со ковид да ја имаат варијаната БА2, но се уште се чека неговата официјлна потврда. Инфектолозите во Македонија велат дека се уште е присутен и делта варијаната.

Exit mobile version